среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ова е неверојатно – Боби Чарлтон, 56 години пауза, па Маркус Рашфорд

Ова е неверојатно – Боби Чарлтон, 56 години пауза, па Маркус Рашфорд

Англија успеа да обезбеди осминафинале на Светското првенство во Катар откако во групата „Б“ го совлада Велс со 3:0.

Стрелец на два голови во победата беше играчот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд во 50 и 68 минута од натпреварот. Негов трет на СП, претходно еднаш ја затресе мрежата на Иран.

Рашфорд е инаку првиот играч на Манчестер јунајтед кој постигнал три гола на СП за Англија од шампионската 1966 година, кога тоа му успеало на легендарниот Боби Чарлтон.

Избраниците на селекторот Герет Саутгејт за пласман во четвртфиналето на Мундијалот на 4 декември ќе играат против селекцијата на Сенегал.

Еве уште неколку интересни податоци за англиската репрезентација, Хари Кејн од кого се очекува да биде првиот стрелец, членот на Тотенхем реди асистенции на Мундијалот. Тој е првиот англиски репрезентативец кој асистирал на три гола на едно Светско првенство од 2002 година кога тоа му успеа на Дејвид Бекам, кој исто така трипати беше асистент.

Англија завршува како првопласирана во група на СП за првпат од 2006 година кога беше елиминирана во четвртфиналето од Португалија.