Легендарниот Пеле почина на 82-годишна возраст. Многумина Бразилецот го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња, а во текот на кариерата собори бројни рекорди.
Пеле три пати беше светски првак со Бразил, тоа до ден денес не му успеало на ниту еден друг фудбалер.
Првата титула ја освои во 1958 година, како осумнаесетгодишник. Четири години подоцна, втората, а за третата чекаше до 1970 година.
Во својата последна порака до јавноста тој се обрати на Килијан Мбапе.
– Ти благодарам Мбапе… Благодарам. Среќен сум што собори уште еден мој рекорд на ова Светско првенство, му порача Пеле на францускиот напаѓач откако го собори неговиот рекорд за најмногу постигнати голови на Мундијалите во конкуренција на играчи до 24 години.