Хрватската репрезентација успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, а многумина им предвидуваат одличен пласман на овогодишниот Мундијал.
Како што и обично се случува, медиумите се преплавени со текстови за фудбалерите и нивните поубави половини, а неодамна е избран и најзгодниот репрезентативец по гласовите на хрватските читатели.
Оваа година титулата оди кај Домагој Вида, а овој 33-годишник моментално е играч на АЕК Атина.
Иако сè уште не играше на првенството, неговата сопруга, Ивана Вида, му дала поддршка од трибините, а нејзиниот атрактивен изглед не останал незабележан.
Ивана и Домагој се запознале во 2012 година, а љубов се родила за време на едно ноќно излегување.
Две години подоцна, Ивана (со тогашно презиме Гугиќ), ја понела титулата за кралица на Хрватска. Пред олтарот застанале во јуни, 2016 година во Умаг, а биле во врска четири години, додека една година претходно како круна на љубовта пристигнал и нивниот мал син Дејвид.
На почетокот имале врска на далечина, бидејќи Домагој играл фудбал за Динамо Киев, а Ивана уште студирала во Загреб. Набрзо се преселила кај него и оттогаш се речиси неразделни. Поранешната мисица во јавноста е позната и по тоа што „нема влакна на јазикот“.
Инаку, Ивана е вљубеник во модата и често носи дизајнерски парчиња облека, а во една прилика се пофалила со скапоцен подарок кој го добила од сопругот, а се работи за телефон од 24-каратно злато.