петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Падна договор, Мане му станува соиграч на Роналдо

Падна договор, Мане му станува соиграч на Роналдо

Садио Мане наскоро ќе биде промовиран во ново засилување на Ал Наср откако клубот од Саудиска Арабија постигна договор со Баерн Минхен, а се договори и со фудбалерот.

Ал Наср и Баерн Минхен постигнаа договор за трансфер на Мане.

Претходно беше постигнат и договор за личните услови на Мане, па тој треба да ги помине медицинските тестови и трансферот да биде комплетиран.

Ал Наср собра неколку ѕвезди во тимот, покрај Кристијано Роналдо, таму од ова лето играат и Фофана, Брозовиќ, Телес и сега ќе им се приклучи Мане.