понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Палестински екстремисти со смртни закани кон Меси

Палестински екстремисти со смртни закани кон Меси

Палестинските екстремисти успеаја да издејствуваат откажување на мечот помеѓу Израел и Аргентина, а на удар се најде и Лионел Меси.

Пријателскиот натпревар беше закажан за в сабота во Ерусалим, но беше откажан поради заканите кон Меси и тимот.

– Откако доби смртни закани, другите играчи се солидализираа со него и побараа натпреварот да биде откажан. Таквите закани не се ништо ново меѓу спортистите во Израел и ние и понатаму ќе продолжиме да чекаме да бидеме домаќини на една од најголемите фудбалски ѕвезди, објави Амбасадата на Израел во Буенос Аирес.

Претседателот на ФК Палестина апелираше до Меси да не игра, а навивачите отидоа чекор понатаму, откако почнаа да палат дресови.

– Меси е симбол на мирот и љубовта, и затоа ние го молиме да не учествува во една политичка претстава, која оправдува злосторства и окупација. Има десетици милиони фанови во арапскиот и муслиманскиот свет, беше пораката на Џибрил Раџуб, претседател на ФК Палестина.

Сега е оставено во Аргентина да договори друг противник и да игра последен меч пред Мундијалот.