Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев се запиша во историјата на италијанската Серија А со постигнати 100 голови.
Во текот на својата кариера настапувајќи во италијанското првенство, Пандев голови покрај за Џенова постигнуваше и за Наполи, Интер, Лацио и Анкона.
Македонецот синоќа на дуелот со Беневенто кој заврши 2:2, ги постигна двата гола за Џенова. Со овие два погодока, Горан Пандев стигна до вкупно шест во тековната сезона.
Џенова по 32 кола има 33 бода и е на 14. место.
⚽️ 21′ | GORAAAAAAAAAAAN PANDEEEEEEEEEV
💯💯💯💯💯 Doppietta di #Pandev, che pareggia il match e fa 100 gol in @SerieA!#GenoaBenevento 2⃣-2⃣ pic.twitter.com/VRrS4M2pD3
— Genoa CFC (@GenoaCFC) April 21, 2021