Шест француски градови најавија бојкот на Светското првенство во 2022 година во Катар, пренесува „Ge.globo“, повикувајќи се на Градскиот совет на Париз.
Според спортскиот портал, Париз, Марсеј, Лил, Стразбур, Ремс и Бордо нема да организираат натпревари во живо и други настани за фудбалскиот Мундијал.
Оваа одлука е протест на градските лидери против Катар како земја домаќин на Светското првенство во 2022 година.
Мундијалот во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември. Франција е во Д-групата заедно со Австралија, Данска и Тунис.