недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пауло Бенто им се пушти на судиите: Прв директен црвен картон на Мундијалот (ВИДЕО)

Пауло Бенто им се пушти на судиите: Прв директен црвен картон на Мундијалот (ВИДЕО)

Селекторот на Јужна Кореја, Португалецот Пауло Бенто го заработи првиот директен црвен картон на Светското првенство 2022 во Катар.

Бенто по последниот судиски свиреж на мечот на кој неговата селекција загуби од Гана со 3-2, нервозно му се пушти на главниот судија револтиран што не го дозволи нападот на Ким Мун-Хван во 100. минута од средбата.

Португалецот жестоко реагираше кон судијата кој веднаш му додели црвен картон, што значи дека нема да може да ја води од клупата Јужна Кореја на следниот натпревар, и тоа против неговата Португалија.