недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеле им честиташе на Меси и Мбапе

Пеле им честиташе на Меси и Мбапе

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле на својот Инстаграм профил напиша дека победата на Лионел Меси на Светското првенство е заслужена Награда за неговата кариера и додаде дека му честитал на својот драг пријател Килијан Мбапе за импресивното издание.

Честитки за Аргентина! Диего мора да се насмевнува токму сега.Фудбалот продолжува да ја раскажува својата приказна, како и секогаш на возбудлив начин. Меси го освои првото Светско првенство, а тоа го заслужи со кариерата. Мојот драг пријател Килијан Мбапе постигна четири гола во финалето (вклучително и еден во пенал рулетот). Каков подарок беше да се биде сведок на овој спектакл“, напиша Пеле.

Според последниот медицински билтен објавен во понеделникот, Пеле продолжува да се лекува во болнички услови, а не на одделот за интензивна нега. Неговата здравствена состојба е стабилна.