вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пелегрини нападнат, му впериле пиштол во глава

Пелегрини нападнат, му впериле пиштол во глава

Филмска сцена се случила во Сантијаго, Чиле кога криминаци му впериле пиштол во глава на Мануел Пелегрини, тренерот на Вест Хем.

Искусниот 64 годишен стратег кој инаку е роден во Сантијаго, одел заедно со сопругата и двајца пријатели кон ресторан. Го паркирал автомобилот на блискиот паркинг, а веднаш потоа криминалците излетале од украдено Порше и барале да им ја дадат женската чанта.

Ограбувачите впериле пиштоли во сите четворица, а Пелегрини се обидел да ги вразуми. За среќа чиленската полиција многу брзо реагирала.

Во обид за бегство мафијашите испукале неколку куршуми кои завршиле во две полициски возила.

Она што е познато е дека криминалците се уште не се уапсени, а пронајдена била украдената чанта, како и автомобилот Порше.

Пелегрини преку својот Твитер налог упати благодарност до чилеанската полиција за брзата реакција.