петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Перез го менува Анчелоти со Артета

Перез го менува Анчелоти со Артета

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не е задоволен со резултатите на екипата оваа сезона, па поради тоа планира да го отпушти Карло Анчелоти на крајот на сезоната.

Анчелоти минатата сезона беше херој на Реал, откако ја освои Примера и Лигата на шампиони, но оваа сезона резултатите не се според очекувањата, па најверојатно ќе дојде до тренерска смена на лето.

Според шпанските медиуми, најголема желба на претседателот Перез е треерот на Арсенал, Микел Артета, кој врши одлична работа на „Емирати“.

Артета оваа сезона неочекувано го предводи Арсенал до титула во Премиер лигата, а Перез верува дека Шпанецот може да биде долгорочно решение за клупата на „кралевите“.