Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за поранешниот голман на тимот, Икер Каскиас.
Голманот ги бранеше боите на неговиот роден град до 2015 година, по што се пресели во Порто. На 29 март, Реал Мадрид и Порто ќе одржат добротворен натпревар.
– Порто е одличен европски клуб. Тој е легендарен тим кој е сакан во земјата и почитувана во целиот свет. Имаме заеднички играчи, како нашиот вечен капитен Икер Касиљас, изјави Перез за „АС“.
Икер се опоравува од срцев удар што го претрпе во мај оваа година. Тој сепак планира да се врати на фудбалот.