Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги сподели своите впечатоци за победата во последниот натпревар од шпанскиот Супер куп со Атлетико. Тој го пофали целиот тим, а посебно голманот Тибо Куртоа.
– Ние сме многу среќни. Заслужено го освоивме Супер купот. Морам да му честитам и на Атлетико, тој е достоен противник. Што се однесува до нашиот тим, Куртоа е најдобриот голман на светот, нагласи перез.
Реал Мадрид синоќа по подобро изведување пенали (4:1) го совлада Атлетико и по 11 пат стигна до трофејот во шпанскиот Супер куп