Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се налути по пораз во Ел Класико од Барселона (0:3), а големото заостанување од 14 бода зад Каталонците го натера да размислува да инвестира во јануари 200 милиони за трансфери.
Перез ги сака во тимот Мауро Икарди, Леонардо Бонучи и голманот Кепа.
Приоритет на перез му е Икарди, особено по слабата форма на Карим Бензема и Герет Бејл. Се очекува на Интер да му бидат понудени 100 милиони евра за капитенот.
Останува да се почека одговорот на клубот од Милано, кој во неколку наврати отфрлаше можност Икарди да си замине.