Долго време се говори за трансфер на Килијан Мбапе од редовите на ПСЖ во тимот на Реал Мадрид. Французинот цело лето се поврзуваше со „кралевите“, меѓутоа трансферот не се реализира.
Мбапе имаше интервју за „Л’Екип“ во кое говореше за желбата да си оди од ПСЖ, па веднаш се јави и Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид, кој не соопшти конкиретни детали, но го најави трансферот.
„Во јануари ќе имаме вести за Килијан Мбапе. Се надевам дека до први јануари ќе бидат решени сите работи“, кратко изјави Флорентино Перез.
Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува по крајот на актуелната сезона. ПСЖ ќе мора да го продаде оваа зима ако не потпише договор, во спротивно ќе си замине како слободен. Францускиот тим го купи напаѓачот од Монако како тинејџер за 180 милиони евра.