петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Перез вети дека Реал ќе потпише договор со Мбапе следната година

Перез вети дека Реал ќе потпише договор со Мбапе следната година

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез објави дека клубот следната година ќе го купи напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, соопшти „Directo Gol“.

Според изворот, Перез разговарал со навивачите по натпреварот од 7. коло на Шпанското првенство со Виљареал (0:0). За време на разговорот, еден од нив извика: „Претседателе, донесете го Мбапе!

„Следната година“, одговори Перез.

Сегашниот договор на Мбапе е со важност до 30 јуни 2022 година.

На 31 август беше објавено дека Реал Мадрид нуди 220 милиони евра за 22-годишниот Французин, но ПСЖ одби да го продаде.

Оваа сезона Мбапе одигра девет натпревари за тимот на сите турнири, постигна пет гола и направи четири асистенции. (МИА)