Иван Перишиќ е свесен дека Лионел Меси ќе направи се за да ја однесе својата Аргентина во финалето на Светското првенство, но тој и неговите соиграчи се тука за да му ја расипат забавата, бидејќи и „коцкестите“ имаат исти планови како Аргентинците.
– Предобро е чувството да бидете дел од второ последователно полуфинале на Светско првенство. Но, нашата цел не застанува тука, сакаме да играме во финалето. Очекувам сличен меч како оној против Англија пред четири години. Англија имаше добар тим, а истото важи и за Аргентина. Мора да одиграме како што одигравме против Бразил, во таква ситуација се се возможно, – вели Перишиќ.
– И Роналдо играше пет пати на Светски првенства, но на крајот не успеа да го освои. Јасно е дека Меси го сака пехарот, но истото важи и за нас. Ќе дадеме 100 посто од себе бидејќи и ние ја имаме истата цел. Се надевам дека ќе гледаме тврд и машки меч, нека победи подобриот, – изјави Перишиќ.