Актуелниот македонски шампион Шкендија, утре ќе го дознае противникот за почетокот од квалификациите во Лигата на шампионите.
УЕФА во пресрет на жрепката денеска ги скрати листите на потенцијални противници и тетовскиот клуб за ривал ќе добие еден од следните тимови: АПОЕЛ (Кипар), Шериф (Молдавија), Њу Сејнтс (Велс), Карабах (Азербејџан) и Видеотон (Унгарија).
Ждрепката ќе се одржи утре во 12 часот во Нион.