сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиоли: Жалам што не дадовме втор гол

Пиоли: Жалам што не дадовме втор гол

Милан го победи Наполи со минимален резултат од 1-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Стефано Пиоли беше среќен и насмеан на прес-конференцијата и упати честитки до своите фудбалери.

„Веќе размислувам за реваншот. Ќе биде одличен дуел и ќе се игра на високо ниво. Имавме многу технички грешки, исто како и Наполи. Противникот почна подобро, губевме премногу време на дриблинг и губевме топки, а тие беа агресивни.Потоа работите се променија… Жалам што не го искористивме играчот повеќе, моравме да бидеме побрзи. Шансата за полуфинале е и натаму 50-50%. Имаме уште еден натпревар за играње. Единствено жалам што не постигнавме втор гол“, заврши Пиоли.