петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пирло го објави составот за Лигата на шампионите

Пирло го објави составот за Лигата на шампионите

Како што се очекуваше, Сами Кедира не беше регистриран од Јувентус за претстојното учество на тимот во Лигата на шампионите. 33-годишниот Германец не е вклучен во сметките на Андреа Пирло, но сепак одби да замине за време на преодниот рок. Во оваа ситуација, играчот за врска останува во клубот, но нема да игра. Тој е во последната година од договорот според кој добива 6 милиони евра.

Пред една година, тогашниот тренер на „бјанконерите“, Маурицио Сари, ги остави Марио Манџукиќ и Емре Џан надвор од списокот на Лигата на шампионите, кои потоа заминаа на зима.

Инаку, новиот додаток Федерико Киеза го доби дресот со бр.22.

Оваа сезона Јувентус е во група со Барселона, Динамо (Киев) и Ференцварош. Тимот започна на 20 октомври со гостување кај украинскиот тим.

Составот на Јувентус за Лигата на шампионите: