Пјер-Емерик Обамејанг ја игра својата прва сезона во дресот на Челси, сезона која по се изгледа ќе биде негова последна во составот од „Стемфорд Бриџ“.
Тој не ја доби онаа улога која ја посакуваше во таборот на „сините“, тој дојде во оваа средина на инсистирање на Томас Тухел кој потоа беше отпуштен од Челси по што сите работи се свртеа против Габонецот кој има учинок од 3 гола на 21 натпревар.
Со оглед на тоа што е најавена чиста во премиерлигашот во летниот преоден рок, Обамејанг е еден од играчите кој треба да си замине, а како негова посакувана дестинација е Барселона.
-Немам идеја, ќе видиме. Ми се допаѓа Барселона, -порачал Пјер Емерик за „DjamLife“.