сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Платини го советува Јувентус да го донесе Мбапе

Платини го советува Јувентус да го донесе Мбапе

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, би можел да го засили Јувентус, изјави поранешниот претседател на УЕФА и поранешен играч на Јуве, Мишел Платини.

– Мбапе може да биде прва ѕвезда во фудбалот следните десет години. Јас би го препорачал на кој било тим. Не знам дали Јувентус може да си дозволи да го купи, но со тек на време ќе биде уште потешко, бидејќи неговата трансферна вредност ќе продолжи да расте, изјави Платини.

Оваа сезона, 20-годишниот Килијан Мбапе настапи на 11 натпревари за ПСЖ и постигна девет гола со четири асистенции.