сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Абази му донесе победа на Шкупи против Брера

ПМФЛ: Абази му донесе победа на Шкупи против Брера

Со мечот меѓу Шкупи и Брера почна новото коло во Македонската фудбалска прва лига, домаќините ги освоија трите бода благодарение на погодок на Абази.

Клучниот момент се случи во 69. минута кога Абази постигна гол за водство на Шкупи од 1-0, што се покажа и како конечен резултат.

Мечот можеше да има поинаков тек доколку Димитар Трајков постигнеше гол. Фудбалерот на Брера имаше голема шанса, но ја погоди стативата.

Брера остана на 13 бода како второпласирана, колку што има и Шкендија на првото место со два меча помалку од струмичани, еден кој утре го игра во Кратово со Силекс и еден заостанат со првакот Струга, додека Шкупи со 12 бода е веднаш зад овој двоец од седум одиграни кола.

Утре се играат останатите пет меча: Брегалница – Струга, Македонија ЃП – Гостивар, Работнички – Воска, Силекс – Шкендија и Тиквеш – Вардар.