недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Академија Пандев победнички против Работнички за излез во Европа

ПМФЛ: Академија Пандев победнички против Работнички за излез во Европа

Во претпоследното коло од Првата македонска лига составот на Академија Пандев триумфираше во Струмица над Работнички со 2:1.

„Пандевци“ на својот стадион „Младост“ водеа по првото полувреме со голот на Маронг во 33 и Велиновски во 44 минута.

„Романтичарите“ успеаја во вториот дел само да го ублажат поразот во 50 минута кога стрелаше Станковски. Брегалница славеше минимално со 1:0 против Тиквеш, а единствениот погодок за штипјани беше дело на Ѓокиќ во 42 минута.

Македонија ЃП дома загуби од Струга Трим Лум со 1:3, стружани стекнаа предност уште во деветтата минута со голот на Босанчиќ. Истиот играч ја зголеми предност во 21 минута, следуваше уште еден гол на гостите во 56 минута, овојпат стрелец беше Шабани. А пет минути подоцна ѓорчепетровци го реализираа единствениот гол на мечот преку Воша.

Пелистер по подолг период дојде до нова победа, битолчани водеа со головите на Здравевски и Љамчевски, а велешани само намалија преку Николовски. Ренова беше подобра од Скопје (2:0), а бодовите ги обезбедија Борја во 64 и Јусуфи во 85 минута.

Табела: Шкупи 72 бодови, Академија Пандев 64, Шкендија 59, Македонија ЃП 57, Струга Трим Лум 46, Ренова 45, Брегалница Штип 45, Работнички 40, Скопје 32, Тиквеш 31, Борец 21, Пелистер 14.