среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Ефикасна Струга, сигурна Шкендија

ПМФЛ: Ефикасна Струга, сигурна Шкендија

Струга ТЛ и Победа ја „спасија“ честа на голови на 27. коло. Ако на два меча немаше ниту еден, а на дуелот во Велес само еден, во Струга беа постигнати дури осум, со тоа што на крај лидерот на табелата дојде до триумфот. После шокантното водство на прилепчани, стружани се вратија со два брзи гола во финишот на првиот дел, за во второто полувреме целосно да го „размонтираат“ фенерџијата од Прилеп, кој има се помалку шанси за опстанок во ПМФЛ.

Херој на лидерот беше Бесарт Ибраими кој постигна три гола, од кои еден од пенал, додека другите беа дело на Бојку, Шабани и Мухарем.

Ефикасно беше и во Тетово каде што беа видени пет гола, од кои четири во гостинската мрежа на Тиквеш, и еден во домашната мрежа на Шкендија.

Тетовскиот тим ја оправда улогата на фаворит, и славеше над Кавадарчани. Уште по првиот дел Милев ја „начна“ мрежата на Тиквеш, а потоа Цаке и Чинари донесоа и 3-0. Вареловски само успеа да намали.

Работнички освои три бода во дуелот со Скопје, и се чини дека веќе направи голем чекор кон директниот опстанок во ПМФЛ.

„Романтичарите“ ја прекинаа добрата серија на „пиратите“ кои освоија четири бода во дуелите со Шкупи и со Струга во минатите две кола, но сега мораа да го „положат оружјето“ во Велес. Гандо ја донесе победата со гол во 80. минута од средбата.

Немаше голови на две средби. Мрежите мируваа во Кратово, каде што Силекс и Брегалница во битката за 4. место поделија по бод. Мрежите останаа недопрени и во Ѓорче Петров. Македонија ЃП не успеа да го скрши отпорот на Академија Пандев, и тоа беше втор натпревар кој заврши без голови во 27. коло во ПМФЛ.