Македонија Ѓорче Петров со убедливи 4-1 славеше над Победа во денешниот меч од Првата македонска фудбалска лига.
Емини уште во шестата минута од првото полувреме донесе водство за Македонија Ѓорче Петров, десетина минути подоцна Мазари изедначи на 1-1, но тоа беше се што направи Победа.
Кристијан Стојковски во 34. минута го врати водството на Македонија Ѓорче Петров, а четири минути подоцна Емини со својот втор погодок на натпреварот зголеми на 3-1 и веќе ги реши дилемите околу победникот.
На десет минути пред крајот Џон Мена само погоди за конечни 4-1.
Утре се играат останатите четири меча, Академија Пандев – Шкендија, Силекс – Скопје, Струга – Работнички и Тиквеш – Брегалница, слободна е екипата на Шкупи.