петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Работнички поразен од Ѓорче Петров

ПМФЛ: Работнички поразен од Ѓорче Петров

Македонија ЃП го совлада Работнички со 2-1 во премиерниот натпревар од 25.коло во Првата фудбалска лига. „Лавовите“ успеаја да ги искористат своите шанси, за разлика од гостите од Дебар Маало, кои и во финишот пропуштија две можности за израмнување. Личина во 24.минута донесе водство за „лавовите“, а само две минути подоцна стигна фантастичен одговор од Адтхе Мазари кој упати проектил и ја затресе мрежата на Македонија ЃП.

Матеј Ангелов се обиде да направи пресврт до крајот на првиот дел, но без успех. Во второто полувреме, Арби Воша се закани, но Алексовски одбрани, а во 73.минута Филип Алексовски ја погоди мрежата на Работнички, совладувајќи го неговиот брат Игор кој го рани голот на „романтичарите“.

Работнички имаше две одлични шанси за израмнување. Марселин Гандо Биала излезе сам пред

Стевковски и се обиде откосо да го лобува, но не погоди, а потоа Никола Манојлов со удар со глава не успеа да реализира од петерецот.