среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Шкендија – А. Пандев без голови, минимални победи на Работнички и Струга

ПМФЛ: Шкендија – А. Пандев без голови, минимални победи на Работнички и Струга
Попладнево беа одигрни пет натпревари во Пролигашката фудбалска конкуренција односно нејзиното 21.коло.  Дербито на колото се одигра во Тетово каде се сретнаа второ и трето пласираните екипи на табела Шкеднија и Академија Пандев, а дуело заврпи со најнепопуларниот резултат 0-0
Натпреварот во скопска Автокоманда меѓу Скопје и Работнички заврши со минимална победа на гостите со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за „романтиочарите“ беше 19-годишниот Методи Максимов.
Гостинска победа со 1-0 забележа и Струга ТЛ која во Велес го победи Борец. Најефикасно беше во „Чаир“ каде Шкупи си 3-2 го победи Тиквеш. Натпреварот Пелистер – Ренова е одложен за утре поради немање услови за игра на стадионот во Битола, а поради обилните врнежи на снег.
Потсетување, вчера во воведниот натпревар Македонија ЃП со 2-1 ја победи Брегалница
ТАБЕЛА 
1 ШКУПИ 51 бодови
2 ШКЕНДИЈА 41
3 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 39
4 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 36
5 РЕНОВА 30 (-1 натпревар помалку)
6 БРЕГАЛНИЦА 30
7 СТРУГА ТЛ 30
8 РАБОТНИЧКИ 28
9 СКОПЈЕ 21
10 ТИКВЕШ 18
11 БОРЕЦ 13
12 ПЕЛИСТЕР 5 (-1)