Тетовска Шкендија денеска триумфално продефилира низ Штип на гостувањето кај Брегалница, каде што победија со минимален резултат 0:1.
Творецот на победата за гостите беше Клисман Цаке во 65. минута, со што подоцна се покажа како клучен момент на оваа средба.
Шкендија можеше да замине и со поубедлив триумф, бидејки имаше неколку добри шанси, но останаа со минималец и три бода од ова гостување.
Со оваа победа, Шкендија дојде до 50 бодови, или три помалку од лидерот Струга, што само најавува дека финишот на сезоната ќе биде екстра возбудлив и неизвесен.
Следно коло лидерот Струга го пречекува Тиквеш, додека Шкендија ќе го пречека составот на Силекс.