недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Шкендија ремизираше во Штип, Силекс убедлив

ПМФЛ: Шкендија ремизираше во Штип, Силекс убедлив

Силекс славеше со убедливи 1:4 на гостувањето кај Победа и на најдобар начин го искористи ремито на Шкендија во Штип. Во Скопје, Македонија Ѓорче Петров не дозволи грешка во дуелот со Тиквеш и славеше со убедливи 3:0 во рамките на новото коло во македонскиот фудбалски шампионат.

Силекс имаше водство на полувреме против Победа, но домаќините се вратија во игра со израмнувањето во 64. минута.

Сепак, гостите од Кратово до крајот ја покажаа разликата во квалитет и со три гола ги потврдија трите бода на оваа средба.

Брегалница освои бод во дуелот со Шкендија, откако на стадионот во Штип не беше постигнат гол за реми 0:0.

Со ваков епилог, Силекс стигна до 32 бода и се израмни на третото место со Шкендија, а двете екипи се на минус седум од лидерот Струга.

Македонија со денешната победа стигна до 24 бода, колку што има и градскиот ривал Работнички.