Македонскиот фудбалски шампион Шкендија дојде до трите бода против Тиквеш, но добро се испоти за да го направи тоа.
Поведоа со гол на Дориев во 21. минута, а на 15. минути до крајот Вареловски изедначи на 1-1.
Се чинеше дека со овој резултат и ќе заврши мечот, но Хафиу погоди во 90. минута за победа на домаќините од 2-1.
Академија Пандев со гол на Шаркоски ја победи Струга Трим Лум со 1-0 и ја задржа втората позиција на табелата.
Македонија Ѓорче Петров и Скопје одиграа 1-1. Домаќините поведоа со гол на Хајдари уште во третата минута, изедначи Воша во 16.
Брегалница со 3-0 го победи Борец. Георгиев, Дамњановиќ и Миленковски беа стрелци на головите.
Вчера Шкупи со 2-0 го победи Работнички. А колото се затвора утре со дуелот меѓу Ренова и Пелистер.
Резултати 23. коло:
Шкендија – Тиквеш 2:1
Академија Пандев – Струга ТЛ 1:0
Македонија ЃП – Скопје 1:1
Брегалница – Борец 3:0
Утре:
Ренова – Пелистер
Вчера:
Шкупи Работнички 2:0
Табела:
1. Шкупи 55
2. Академија Пандев 45
3. Шкендија 44
4. Македонија ЃП 40
5. Брегалница 36
6. Ренова 32 (-1)
7. Работнички 31
8. Струга ТЛ 30
9. Скопје 22
10. Тиквеш 21
11. Борец 13
12. Пелистер 6 (-1)