четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Шкендија убедливa во Велес

ПМФЛ: Шкендија убедливa во Велес

Тетовска Шкендија во Велес дојде до втората победа по ред на гостувањата во овој град.

Попладнево на стадионот „Зоран Паунов“, триумфираше со 0-3 над Борец. Иако во текот на натпреварот имаше и една контроверзна одлука, односно недосуден пенал за Борец, сепак, победата на Шкендија е чиста и заслужена, а можеше да биде и со поголема разлика.

Откако Маркоски не реализираше голема шанса, односно Алчевски чудесно одбрани, Маркоски во 44. минута од мечот донесе водство. По една добра акција и нафрлување од десната страна, Маркоски погоди во мрежата на Алчевски.

Во вториот дел, во 60. минута Тимовски по проигрување на Хасани успеа да зголеми на 0-2. Тимовски едноставно ја „заби“ топката под пречката на немоќниот Алчевски. Во 78. минута и трет гол во мрежата на Борец, откако Тимовски нафрли, а Дита шутираше прецизно во голот на Алчевски.