Фудбалерите на Шкупи направија пресврт против Академија Пандев, имаа водство до 91. минута, но струмичани се погрижија за израмнување и освојување важен бод на оваа средба.
Цефас донесе водство за Шкупи во 12. минута, Крстевски и Руфати до 36. минута направија пресврт за Академија Пандев, но до крајот на полувремето се случи уште еден резултатски пресврт.
Шкупи израмни со голот на Данфа, а Хамиди во судиското надополнување донесе водство од 3:2. Тој резултат беше актуелен до надополнувањето на вториот дел, кога „пандевци“ израмнија и ги поставија конечните 3:3 преку Трајков.
Работнички немаше проблеми со Скопје и го доби натпреварот со 4:0, а победата беше најавена со голот на Рушевиќ во првиот дел.
По денешното реми, Шкупи остана на второто место на табелата, со бод помалку од лидерот Струга.