сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Силекс го совлада шампионот, Шкендија подобра од Победа

ПМФЛ: Силекс го совлада шампионот, Шкендија подобра од Победа

Денеска се одиграа четири натпревари од 20.коло во Првата македонска фудбалска лига каде актуелниот шампион Шкупи загуби на гостувањето кај Силекс со 2:1.

Тимот од Чаир не го искористи ремито на Струга Трим Лум и можноста да се искачи на првото место на табелата од нашиот шампионат .

Кратовци водеа по првото полувреме со 2:0, стрелци на головите беа Милосављевиќ во четвртата и Ѓорѓиевски во 30 минута. Гостите само успеаја да го ублажат поразот во 57 минута преку Данфа.

Шкендија освои нови бодови сезонава откако со 1:0 триумфираше над прилепска Победа. Радост за тетовските „црвено-црни“ донесе Чинари во 61 минута.

Мируваа мрежите на мечот Скопје – Тиквеш (0:0), додека Брегалница беше подобра од Работнички минимално со 0:1.

Николов во четвртата минута се погрижи за клубот од Штип да ја оствари шестата победа сезонава.

ПМФЛ
Недела, резултати
 –

20 коло
Скопје – Тиквеш 0:0
Работнички – Брегалница Штип 0:1
Шкендија – Победа 1:0
Силекс – Шкупи 2:1

Сабота

Струга Трим Лум – Македонија ЃП 0:0

Табела:

1. Струга Трим Лум 39 бодови
2. Шкупи 37
3. Шкендија 31
4. Силекс 29
5. Тиквеш 28
6. Брегалница Штип 25
7. Македонија ЃП 21
8. Работнички 21
9. Академија Пандев 15
10.Победа 13
11.Скопје 13