Немаше победник на првиот дуел од 4. коло на Првата македонска фудбалска лига, кој денеска во Кратово го одиграа Силекс и и Академија Пандев (1:1).
Домаќините поведоа со голот на Обрадовиќ во 37. минута, но тоа водство не траеше долго, бидејќи „Пандевци“ стигнаа до израмнување неколку минути подоцна.
Велиновски погоди за Академија Пандев во 43. минута, поставувајќи ги фактички и конечните 1:1 на оваа средба.
За Силекс ова е второ реми сезонава, па „кратовци“ се без пораз и со осум освоени бодови, додека денешните гости освоија само четири бода од четири кола.