среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Струга е нов фудбалски шампион на Македонија

ПМФЛ: Струга е нов фудбалски шампион на Македонија

Составот на Струга Трим Љум и официјално е нов шампион на Македонија, титула која ја завери денеска на домашен терен во мечот со Силекс. Избраниците на Шпетим Дуро славеа со 3-0, а во нивна полза беше и резултатот во Чаир каде Шкупи беше подобар од Шкендија (2-1), па дојде до најголемиот успех во својата историја.

Стружани беа најконстантен тим во актуелнава кампања и сосема заслужено ќе не преставуваат во квалификациите за Лигата на шампионите.

Од денеска имаме промена и на второто место на табелата, односно Шкупи со славјето над Шкендија го мина ривалот од Тетово со бодови 55 односно 54 поени. Адетунџи и Илиески стрелаа за домаќините, додека Чинари погоди за „црвен0-црните“.

На другите средби беше супер ефикасно, Македонија Ѓорче Петров ја понижи Победа со 7-0, Тиквеш како гостин ја доби Академија Пандев со 4-1, а пак Работнички ја победи Брегалница со 5-4.