Денеска се одиграа пет натпревари од 26 коло во Првата македонска фудбалска лига, а екипата на Скопје која се бори за опстанок во елитата, два натпревари по ред излегува како непоразен против тимови кои се во трката за шампионската титула.
После победата над актуелниот шампион Шкупи, овојпат играчите на Скопје ремизираа со моментно водечкиот во шампионатот Струга Трим Лум со резултат 1:1. Така, тренерот на Скопје Мирсад Јонуз со важен бод во првенството го прослави 61 роденден.
Ибраими им донесе водство на стружани во 15 минута, а израмнија скопјани преку Мусинга во 87 минута. Брегалница го совлада составот на Македонија ЃП со 2:1, штипјани водеа со погодоците на Ѓорѓиев (51`) и Николов (64`), а ѓорчепетровци само го ублажија поразот во финишот (Јовковиќ, 90+3`).
Немаше голови на мечевите Академија Пандев – Работнички и Тиквеш – Силекс, а Шкупи како гостин со 0:6 ја надигра Победа од Прилеп. По два голови за клубот од Чаир реализираа Адетунџи и Сефас, а по еден Алвараз и Данфа.
Табела: Струга Трим Лум 50 бодови, Шкупи 45, Шкендија 44, Силекс 39, Брегалница Штип 36, Македонија ЃП 32, Тиквеш 30, Работнички 25, Академија Пандев 21, Скопје 18, Победа 13.