среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Вардар дојде до првиот бод во новиот шампионат

ПМФЛ: Вардар дојде до првиот бод во новиот шампионат

Александар Васоски дебитира со бод на кормилото на Вардар, но „црвено-црните“ можат да жалат откако 50 минути играа со играч повеќе и во два наврати имаа водство.

Вардар поведе во финишот на првиот дел кога Љамалари направи пенал и беше исклучен, а Дарко Мицевески од белата точка донесе радост за публиката.

Селикс изедначи на стартот од вториот дел, Дарко Анѓелески убаво закачи еден полуволеј од 20 метри и го совлада Гачевски за 1-1.

По еден час игра, Вардар се врати во предност, Давид Велковски искористи еден кикс на гостинската одбрана и ја префрли топката преку голманот за 2-1.

Дарко Глишиќ потоа имаше зицер за 3-1 и предвреме да ги реши дилемите, но откако не погоди, казната стигна на пет минути пред крајот, по еден корнер, Ефтимов остана сам на подалечната статива и реализираше за 2-2.

На останатите денешни натпревари, Гостивар со 2-0 го совлада Работнички, а со истиот резултат, Шкендија славеше против Брегалница, додека пак на мечот помеѓу Македонија ЃП и Шкупи немаше голови.

 

ПРВА ЛИГА, 4. КОЛО

Вардар – Силекс 2-2 (1-0)

Мицевски 40 п., Велковски 60 – Анѓелески 52, Ефтимов 86

Македонија ЃП – Шкупи 0-0

Гостивар – Работнички 2-0 (1-0)

Потук 12, Селмани 80

Шкендија – Брегалница 2-0 (0-0)

Аганспахиќ 62, Дита 90+7

 

УТРЕ

Брера – Тиквеш

НА 27 СЕПТЕМВРИ

Воска Спорт – Струга

ТАБЕЛА: Брера 9 (-1), Шкендија 9 (-1), Тиквеш 6 (-1), Работнички 6, Брегалница 6, Силекс 5, Шкупи 5, Струга 3 (-2), Македонија ЃП 4, Воска Спорт 3 (-1), , Гостивар 3, Вардар 1.