вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

По 17 години брак: Тоти се разведува од мајката на неговите три деца, а веќе има нова девојка

По 17 години брак: Тоти се разведува од мајката на неговите три деца, а веќе има нова девојка

Легендата на Рома, Франческо Тоти се разведува од својата сопруга Илари Блази со која е во брак 17 години,  објавуваат италијанските медиуми.

Според информации на таблоидите, Тоти и Илари веќе не живеат заедно во семејната куќа, а крај на бракот ставиле пред некој месец после една жестока кавга додека биле на семеен одмор и наводно само останува разводот да се официјализира.

Тоти и Илари се венчаа во 2005 година. Ги имаат синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека Тоти веќе има нова девојка.

Станува збор за 34-годишната Наоми Боки, поранешна сопруга на Марио Каучи.