среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

По поразот од Динамо, се огласи голманот на Тотенхем

По поразот од Динамо, се огласи голманот на Тотенхем

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, го коментираше поразот од Динамо Загреб (0:3) во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа. Фудбалерот ја критикуваше играта на неговиот тим и ја оцени како срамна.

-Ќе кажам само срамота. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат одговорни за неуспехот. Екипата едноставно рефлектира што се случува во клубот. Начинот на кој играме не е доволен. Имавме добри моменти во минатото, бидејќи го почувствувавме единството на тимот. Не сум сигурен дали е сега така, изјави Лорис за „Goal“.

Тотенхем по два средби загуби со 2:3 од Динамо Загреб и испадна од Лигата на Европа уште во осминафиналната фаза