петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Победата на Македонија уште боли: Инфантино обелодени дали е можна замена на Иран со Италија на СП 2022

Победата на Македонија уште боли: Инфантино обелодени дали е можна замена на Иран со Италија на СП 2022

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја отфрли можноста Иран да биде заменет со Италија на Светското првенство 2022.

– Да бидеме сериозни, ве молам…“, рече Џани Инфантино како одговор на прашањето за оваа можност.

Тој призна и дека „му доаѓа да заплаче“ од помислата дека Италија нема да биде на СП 2022 во Катар.

– Разговараме за одржување на Светското првенство на секои две години бидејќи овој турнир предизвикува неверојатни емоции. Италија учествуваше скоро секогаш, другите земји сакаат почесто да учествуваат. Исклучително е важно да им дадеме повеќе надеж на другите земји, додаде Инфантино.

Реакцијата на Инфантино доаѓа по шпекулациите ФИФА би можела да воведе санкции против Иран поради забрана за присуство на жени на квалификацискиот натпревар за СП 2022 против Либан. з