Легендарниот унгарски фудбалски судија Шандор Пул почина на 65-годишна возраст.
Судеше на голем број големи натпревари, а најважни во неговата кариера беа финалето на Светското првенство 1994 година во САД, како и финалето од Лигата на шампионите во Минхен во 1997 година.
Како енормно талентиран судија, Шандор Пул дебитираше во унгарскиот елитен фудбал во 1984 година, а се прослави во текот на 90-тите години кога беше прогласен за најдобар судија во светот од Федерацијата на фудбалски статистичари четири пати по ред.
Пул ја делеше правдата и во судирот меѓу Италија и Бразил во Лос Анџелес во 1994 година, како и Борусија Дортмунд и Јувентус во Минхен во 1997 година.
Последните години работел како потпретседател на Судската комисија на Фудбалската федерација на Унгарија, а исто така стана и почесен граѓанин на Егер.