Во Сплит на 81-годишна возраст почина поранешниот славен фудбалер Славен Замбата. Тој е центарфор којшто со златни букви е запишан во историјата на Динамо, а настапуваше и за репрезентацијата на Југославија.
За „модрите“ од Загреб одигра повеќе од 250 натпревари, а постигна 156 голови. Како капитен, го предводеше Динамо до најголемиот успех на клубот, освојувањето на трофејот во Купот на саемски градови во сезоната 1966/67. Во таа антологиска сезона Замбата постигна вкупно 24 голови, од кои шест на патото кон европскиот пехар.
Замбата настапуваше и за репрезентацијата на Југославија во периодот од 1962 до 1968 година, а во националниот дрес постигна 21 гол во 31 одигран натпревар.
Тој беше капитен на репрезентацијата на Олимпијадата во Токио во 1964 година.
Član legendarne generacije @gnkdinamo iz 1967., proslavljeni nogometaš i olimpijac Slaven Zambata preminuo je u 81. godini. 👉 https://t.co/F7vLn36Tlf pic.twitter.com/bYrFADRl4x
— HRT Sport (@HRTsport) October 29, 2020