Медиумите од Бразил пренесуваат дека ПСЖ понудил 20 милиони евра за услугите на 16 годишниот Ендрик но оваа сума не е доволна за Палмеирас да го продаде новото чудо од дете.
16 годишниот Ендрик се најавува како следната фудбалска ѕвезда, скаути на гигантите од Европа подолго време во бележникот го имаат младиот напаѓач на Палмеирас.
Медиумите од Бразил сега пишуваат дека започнало наддавањето за новото чудо од дете, ПСЖ на маса ставил 20 милиони евра, и наскоро советникот Луис Кампос ќе замине во Јужна Америка на директни и конкретни преговори.
Оваа сума сепак не е доволна за трансфер, Палмеирас бара помеѓу 35 и 40 милиони евра за продажба на Ендрик.
Сега на потег се останатите гиганти, Барселона неодамна опипа терен за ангажман на напаѓачот, но не достави конкретна понуда и се верува дека „каталонците“ во моментов не можат да си дозволат еден ваков трансфер.
Но затоа се очкува реакција од Реал Мадрид, „кралевите“ знаат како да комплетираат вакви зделки откако изминативе години беа договорени трансферите на Винисиус Жуниор и Родриго.