петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Почна пријавувањето за кампот на најтрофејниот фудбалски колектив на планетата ” Реал Мадрид” и оваа година поддржано од Кожувчанка

Почна пријавувањето за кампот на најтрофејниот фудбалски колектив на планетата ” Реал Мадрид” и оваа година поддржано од Кожувчанка

Вториот фудбалски камп на Реал Мадрид Фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години. Кампот на Реал Мадрид Фондација може да биде вистинското место кое ќе им го трасира патот до фудбалските височинина на сите момчиња и девојчиња кои ќе бидат дел од истиот.

Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување.

Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот , во делот на спортот, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти, спортски бон-тон, дружење и многу забава.

Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа на кампот во јануари тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за 5 суштински точки: респект, иницијатива, почит, самоконтрола и тимска работа.

Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот.

Комплетната понуда на вториот фудбалски камп Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia се состои во може да се најде на следниот линк https://bit.ly/2Bb2KnS

Лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондација во Македонија “Спорт Арена” првиот камп го направи во јуни оваа година во Скопје.На него поминаа 100-тина учесници, голем дел од Македонија но и учесници надвор од границите на татковината. Насмевката на нивните лица и задовоството кај нивините родители се најголема награда за добро завршената работа. На вториот камп организаторскиот дел е доверен на КМГ Спорт Агенција.

Компанијата “Кожувчанка” својата општествена одговорност и грижата за здрав развој на најмладите ја потврдува со повторното партнерсво и на вториот камп на ” мадридистите”

Пријавувањето,  за да бидете дел од големото семејство на кралските “бели” е во тек. Истото може да се направи на следниот линк https://bit.ly/2K9FvxA .

Фудбалската приказна на кралскиот светски гигант во Македонија продолжува во јануари.