Со натпреварот Англија – Австрија вечер во 21 часот ќе биде отворено Европското првенство во фудбал за жени.
На шампионатот кој ќе трае до 31 јули, ќе настапат 16 репрезентации поделени во четири групи.
А-група: Англија (домаќин), Австрија, Норвешка и Северна Ирска.
Б-група: Германија, Данска, Шпанија и Финска.
Ц-група: Холандија, Шведска, Португалија и Швајцарија.
Д-група: Франција, Италија, Белгија и Исланд.
Двете првопласирани од секоја група ќе продолжат во четвртфиналната фаза.
Натпреварите ќе се играат во: Брајтон и Хов, Лондон, Манчестер, Милтон Кејнс, Ротерам, Шефилд, Саутемптон, Трафорд и Виган и Ли.
Ова ќе биде второ ЕУРО за жени кое го организира Англија. Првиот пат беше во 2005 година, кога триумфираше Германија.
Бранител на трофејот од последното финале, во 2017 година, е Холандија која беше домаќин на претходниот шампионат.
Првенството во Англија е 13-то. На претходните 12, убедливо најмногу титули има Германија – осум, Норвешка има две, Шведска и Холандија по една.