петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Покетино: Рамос заслужува респект

Покетино: Рамос заслужува респект

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, истакна дека дефанзивецот Серхио Рамос е голем шампион и заслужува почитување од навивачите.

ПСЖ во неделата вечер на својот терен го совлада Лориен со 5-1, а Покетино го внесе Рамос во игра во последните 18 минути, кога дел од домашните навивачи го исвиркаа шпанскиот фудбалер.

– Свирежи за Серхио Рамос? Мислам дека станува збор за фрустрација на навивачите поради елиминацијата во Лигата на шампиони, не мислам дека свирежите се упатени директно кон него. Тој е голем шампион и заслужува почитување, како и сите фудбалери на ПСЖ, изјави Покетино.

Рамос летоска без обесштетување по 16 години минати во Реал Мадрид премина во ПСЖ, но од доаѓањето имаше проблеми со повредите и вчера го одигра само шестиот натпревар во сите конкуренции во дресот на францускиот гигант.