петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Покетино седна на клупата на Челзи

Покетино седна на клупата на Челзи

Англискиот фудбалски прволигаш Челзи, ден откако го одигра последниот натпревар во резултатски исклучително лошата сезона, објави попладнево дека за нов тренер на екипата е назначен Аргентинецот Маурисио Покетино.

Лондонскиот клуб соопшти дека со Покетино е потпишано договор на две години, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Покетино се враќа во Премиер лигата во која ги предводеше Саутемптон (2013/14) и Тотенхем (2014 – 2019), по што од јануари 2021 до јули 2022 беше на клупата на ПСЖ.

Челзи оваа сезона го предводеа дури тројца тренери, Томас Тухел, Грахам Потер и Френк Лампард, и клубот потроши многу пари за нови засилувања, но на крајот заврши на 12. место на табелата, што е најлош пласман од 1994 година.