понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Полицијата на Мерсисајд ги повика навивачите на Ливерпул титулата да си ја прослават дома

Полицијата на Мерсисајд ги повика навивачите на Ливерпул титулата да си ја прослават дома

Полицијата од Мерсисајд издаде соопштение во ги кое повикува фановите на Ливерпул во домашен амбиент да си ја прослават титулата освоена по 30 години во Англискиот фудбалски шампионат.

– Јасно е дека некои луѓе сакаат да се соберат на јавни места и да го прослават успехот на клубот, а ние ги охрабруваме да ја направат вистинската работа и да слават дома, се вели во апелот.

Коронавирусот не исчезна, инфекциите во северозападниот дел како целина се сè уште непропорционално високи во споредба со другите делови на земјата, стои во соопштението на полицијата.

Ливерпул од вчера ја обезбеди шампионската титула во Премиер лигата, иако до крајот на сезоната има да се одиграат уште седум кола.