Полскиот премиер Матеуш Моравиецки објави денеска членовите на националниот олимписки тим, кои ќе настапат на Игрите во Токио, како и фудбалската репрезентација која ќе учествува на Европското првенство ќе бидат вакцинирани против вирусот Ковид-19.
-Со цел да им обезбедиме удобност на нашите спортисти за кои се надеваме дека ќе ни донесат задоволство во Токио, одлучивме да ја вакцинираме целата делегација, како и фудбалската репрезентација, која ќе настапи на Европското првенство, изјави претседателот на полската Влада.
Министерот за култура Пјотр Глински рече дека вкупно ќе бидат вакцинирани 1.077 олимпијци и придружниот персонал, како и 60 членови на фудбалската репрезентација.
Досега во Полска, која има популација од 38 милиони жители, вакцина против коронавирусот примиле 2.1 милиони луѓе.